Samsung се обидува да ја надмине конкуренцијата секоја година објавувајќи ги своите водечки паметни телефони порано од вообичаеното. Galaxy S9 и Note 8 дојдоа неколку недели порано од своите претходници, но Galaxy S10 може да даде ново значење на фразата „порано“. Изгледа дека Samsung дава зелено светло на својот проект за „флексибилен смартфон“ и компанијата смета дека најдобар период за објавување на уредот ќе биде оној кој се совпаѓа со промоцијата на Galaxy S10.

Бидејќи Samsung не сака Galaxy S10 или престојниот флексибилен смартфон да го поделат вниманието на публиката, корејските медиуми јавуваат дека плановите на производителот на телефонот се да го промовира првиот повеќе од еден месец порано. Во пракса, Galaxy S10 се очекува да биде претставен на CES 2019, кој ќе се одржи во Лас Вегас меѓу 8 и 11 јануари. Додека флексибилниот смартфон на Samsung ќе биде претставен по еден месец – на Mobile World Congress 2019 во Барселона.

Според информациите од Јужна Кореја дистрибуирани од страна на SamMobile, производителот дури го променил кодното име на неговиот флексибилен модел. Претходно беше „Project Valley“, додека новото е „Winner“.

Samsung веќе почна со развој на моделот Galaxy S10 и покрај фактот дека премиерата на паметниот телефон нема да се случи пред 2019 година. Новиот уред ќе биде јубилеен од популарната серија, а неговото кодно име е „Beyond“. Јужнокорејскиот производител планира да објави две верзии на паметниот телефон, при што премиум моделот ќе има поголем екран и помоќен хардвер, информира „SamMobile“. Снабдувачите на компоненти веќе почнаа да произведуваат сензори за отпечатоци кои ќе бидат вградени во самиот дисплеј на S10. За да се избегнат проблеми, Samsung ќе ангажира неколку различни компании да ја создадат оваа клучна компонента на паметните телефони за различните верзии што треба да се продаваат во различни региони.

Дизајнот на Galaxy S10 ќе биде сличен на оној на неговите претходници и ќе биде изграден од алуминиум и стакло. Новиот модел повторно ќе го понуди „Инфинити дисплеј“, кој е заоблен од двете страни, но исто така ќе има и помоќен хардвер и двојни задни камери. Официјалната промоција веројатно ќе се случи во февруари или март следната година. Во наредните месеци, ќе дознаеме повеќе за еден од најочекуваните Android уреди што ќе ги видиме во првиот квартал од 2019 година.