Одложувањето на обврските е тешка работа и повеќето од нас го знаат тоа. Листата што овој професор му ја претставил на целиот клас ги вклучува сите вообичаени методи за одложување на учењето: од „Фејсбук“ и „Амазон“ до гледање фотографии од исечен леб.

Универзитетскиот професор јавно ги исмејувал студентите објавувајќи сеопфатна листа на нивното веб-сурфање. Пауерпоинт-презентацијата со име „Работи што забележав дека студентите ги прават за време на Earth 222/Environ 232“, а во неа незадоволниот професор јасно покажува што пребаруваат студентите во текот на неговите предавања.

Студентката Тахани Алсабани сподели фотографија од презентацијата на социјалната мрежа, претворајќи ја одмаздата на разочараниот професор во интернет-сензација.

Бизарни навики

https://twitter.com/TahanyAls/status/854021491083685888?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.tportal.hr%2Ftehno%2Fclanak%2Fprofesor-razotkrio-sto-studenti-pretrazuju-tijekom-dosadnih-predavanja-20171023

Некои од работите покрај себе имаат знак „х“, а со тоа професорот покажува дека пребарувањата биле направени од различни луѓе неколку пати неделно. Како што стојат работите, најпопуларни веб-страници се „Амазон“, „Редит“, „Фејсбук“ и „Тумблр“, страници за шопинг и вести.

Иако самата презентација на хумористичен начин ги опишува веб-навиките на учениците што не го следат предавањето, се поставува прашањето за нивната приватност.

Извор: Tportal.hr