Facebook во иднина би можел да претстави сопствен гласовен асистент во стилот на Siri или Alexa. Според наводите на CNBC, социјалната мрежа ангажирала тим за проширена и виртуелна реалност, која ја предводи Ира Снидер, а која споменатиот AI асистент го развива од 2018. година.

Тимот веќе почна да ги контактира малите вендори на паметни звучници, за да почне партнерства кои ќе водат кон производство на уреди, кои ќе ги покренува новиот асистент. Засновано на изјавите на изворите, Facebook примарно креира асистент за својата Oculus кацига, паметниот дисплеј Portal и иднина AR/VR уреди.

Facebook има претходно искуство со развој на AI асистент, но не таков како што може може да им конкурира на Alexa или Siri на пазарот. M асистентот за Messenger е објавен во 2015. година, а угасен е една година подоцна. Корисниците исто така можат да покренат команди за паметниот дисплеј на Facebook, преку “Hey Portal” командата, но уредот и натаму бара помош од Alexa за покомплексни задачи.