Lenovo најде совршено решение за сите обие кои не работат од класична канцеларија, а имаат потреба за голем дисплеј на својот лаптоп. На MWC во Барселона претставија портабл дисплеј, кој на наједноставен начин се поврзува со лаптоп и добивате два екрана.

Lenovo ThinkVision M14 е монитор кој потсетува на голем таблет или дисплеј на лаптоп, кој ќе ви даде дополнителен простор за работа. Во прашање е 14-инчен Full HD екран со резолуција 1920×1080 пиксели. Уредот е сама дефиниција за портабл – дебел е само 4,6 мм, тежок 595 грама и има опција дополнително да се прилагодува аголот на гледање. ThinkVision M14 се поврзува со лаптоп преку USB Type-C без никакви дополнителни адаптери.

Се напојува преку компјутер со кој се поврзува, што значи дека нема дополнителна батерија или некои кабли.

Се очекува да биде во продажба од јуни и тоа по почетна цена од 249 долари.