Мистериозниот телефон ќе го здогледа светлото на денот на 22 јануари, 2019 година во Париз, а производителот веќе ги испрати поканите за настанот. Името на смартфонот не е откриено, но на поканата се гледа дека ќе има нов дизајн со отвор во екранот на горната лева страна, наместо стандардниот засек (notch) во средина. Во овој отвор ќе биде сместена предната камера.

Всушност, се работи за еволуција на засекот, кој во поголем дел доби негативни коментари, откако почнаа да го употребуваат компаниите.

Компанијата Huawei, во чија сопственост е брендот Honor, наскоро планира да го претстави својот смартфон Nova 4, кој исто така ќе го има споменатиот екран. Се очекува и следните производители на паметни телефони со Android да ги следат овие чекори, вклучувајќи го и Samsung, кој ги подготвува Galaxy S10 и S10 Plus.

Смартфонот на Honor ќе го користи најновиот процесор на Huawei, Kirin 980.