Специјалната функција под името “bfcache” ќе овозможи паметење на веб-страниците на вашиот телефон, наместо нивното повторно вчитување.

Лутањето низ глобалната мрежа наскоро би можело да стане побро, барем ако го користите Chrome. Новата функција под името ‘bfcache’ потекнува од back-forward cache. Творците на Chrome од Google моментно работат на систем кој ги архивира веб-страниците, додека пристапувате до нов сајт, што значи дека страницата која веќе сте ја отвориле, Chrome брзо ќе ја отвори без потреба од повторно вчитување.

Истото важи ако ја притиснете опцијата напред (forward).

Битна работа која треба да се напомене е дека ова нема да го забрза пристапот до новите веб-страници, туку сурфањето на оние кои веќе сте ги посетиле.

Engadget нагласува дека bfcache мора да осигура дека JavaScript не е активен на страниците кои не се активни. Исто така, ја наведуваат зголемената потрошувачка на батеријата која ќе ја предизвика “суспендираната веб страница”.