Сите патенти на Tesla стануваат јавно достапни за сите заинтересирани да ги искористат без никакви такси, објави шефот на компанијата Елон Маск, предводен од својата мисија да го направи светот почист.

Во блог пост, Маск вели дека Tesla нема да покрене никакви патентни барања кон оние кои ја користат совесно технологијата на Tesla. Тоа е неверојатен гест во ера кога компаниите го заштитуваат во своите граници секој мал напредок во технологијата и често водат судски битки меѓу себе .

Елон Маск тврди дека неговата компанија Tesla размислува за спас на светот од климатските промени и прави се што е можно за развој на технологијата за електрични возила.

Освен тоа, Маск вели дека не верува во патенти, корист од кои не извлекуваат пронаоѓачите, туку гигантските корпорации и нивните адвокати. Според него, патентите го потиснуваат и го задушуваат напредокот.

Но, Tesla отворено ќе се спротивстави на компаниите кои ги користат своите патенти, а потоа ги продаваат своите производи по повисоки цени, вели Мaск. Тој се надева дека другите компании ќе го поминат истиот пат за да создадат нови технологии побрзо.