Без оглед на тоа дали се свиткуваат кон внатре или однадвор, свиткувањето на телефоните по вертикалната оска ги прави подебели, подолги и неудобни за користење и носење. Свиткувањето по хоризонталната оска би резултирало со покомпактни уреди, а токму тоа го сугерира најновиот патент на компанијата Lenovo.

Ова би можел да биде и вистински спиритуелен наследник на Motorola RAZR преклопниот телефон, само што би имал невидлива шарка/лајсна во внатрешноста. Постојат две гласини за големината на дисплејот: 6,5 или 6,2 инчи, а тука е и малиот секундарен дисплеј, сместен однадвор за известувања и приказ на други функции.

Скиците од патентот покажуваат дизајн на флексибилен уред кој се свиткува по различни точки по хоризонталната оска, а не само во средина. Засега нема информации дали и кога решението од патентот би можеле да го видиме на конкретен производ.