Научници од Универзитетот Илиноис развија технологија која му овозможува на вашиот паметен телефон да прави анализа на крв, урина и плунка, на ниво на лабораториски инструменти. Нивниот гаџет под име TRI (the spectral transmission-reflectance-intensity analyzer) кој чини 550 долари е докажано прецизен во анализирање на овие телесни течности.

Научниот тим на професор Брајан Кунингам од лабораторијата за бионженеринг и комјутерски науки, иновираше гаџет кој се спојува со паметен телефон и се нарекуваат швајцарски нож за biosensing.

“Може да ги направи трите најчести тестови за медицинска дијагностика, а би можел да се користи за проведување и на многу други анализи“, вели професор Кунингам.

 Во студијата објавена во журналот на Кралското друштво на хемичари се наведува дека научниците го користеле TRI анализаторт за да спроведат два комерцијлни теста за детектирање на биомаркери поврзани со предвремени породувања и тест на новороденчиња за наследна метаболичка болест која доведува до невролошки проблеми и тешки пречки во развојот ако лекувањето не започне многу рано. Резултатите биле речиси исти со оние направени во лабораторија.

TRI анализаторот функционира со конвертирање на камерата на паметниот телефон во спектрометар со високи перформанси што се прави со илуминација на примерокот со интерна бела LED светлина од телефонот. Светлината од примерокот се собира во оптичко влакно и води во задната интерна камера на телефонот. Сите тие оптички компоненти се сместени внатре во 3D печатеното куќиште.

Овој анализатор, кој функционира како подвижна лабораторија, може да отвори нови можности за правилно дијагностириње на пациенти кои се далеку од болници или за итни случаи во кои многу бргу се потребни резултати од испитување.