Дроновите се сè повеќе присутни на работните места и го менуваат начинот на коj се извршуваат некои работи, а исто така им овозможуваат на компаниите да заштедат време, да ја зголемат безбедноста и да ги намалат трошоците. Новата идеја е овие летала на управување да ги заменат чистачите на прозорци на високите згради.

Летонската компанија „Aerones“ произведе голем дрон за чистење прозорци, чија задача е да ги замени чистачите на високите згради.

Компанијата прв пат стигна на насловните страници минатата година, кога своите летала ги намени за спасување, а сега тврди дека нејзиниот дрон за чистење прозорци може да работи 20 пати побрзо во однос на традиционалната техника и дека истиот е многу посигурен во извршувањето на оваа деликатна работа.

Дронот е широк три метри и има 12 пропелери, а е опремен со црева, синѓери и камери и е контролиран од човек на тлото кој го следи процесот на миење.

Дронот се напојува со помош на кабел кој го поврзува со батерија на земјата, а водата преку црево доаѓа од резервоар, кој исто така се наоѓа на тлото. Актуелниот дизајн му овозможува на дронот да достигне висина од 350 метри, но со понатамошен развој висината може да се зголеми.

Компанијата „Aerones“ има дизајнирано сопствен систем за стабилизација, со цел дронот да може да се носи и со лоши временски услови.