Пред неколку дена на интернет се прошири вест за тоа дека лесно е можно, со искористување на пропуст во апликацијата за видео повици FaceTime, да се прислушкуваат другите корисници. Како одговор на овој проблем, Apple веднаш ги оневозможи групните повици, функција која во себе го имаше овој сигурносен проблем, и така привремено го закрпи овој пропуст.

За проблемот да биде и трајно отстранет, во Apple одлучија да поработат на него, како од серверска страна, така и од корисничка. Закрпата на FaceTime на серверите е веќе применета, но групните повици и натаму се оневозможени. За да може повторно да се стартуваат на безбеден начин, Apple во текот на следната недела ќе дистрибуира нова верзија на iOS, под број 12.1.4. Безбедносната дупка ќе биде затворена, па повеќе нема да биде можно да се измами FaceTime и да се слушаат корисниците кои не одговориле на повикот.

Закрпата ќе биде применета на iPhone и iPad уредите, и секако се препорачува нејзино инсталирање што ќе стане достапна за преземање.