Многу години научниците веруваа дека нашата галаксија Млечен пат е релативно рамна и стабилна, но новото откритие покажа дека се свиткува на краевите.

Порв пат научниците точно ја мапираа нашата галаксија за да го видат нејзиниот вистински облик, пренесе Independent.

Другите галаксии детално ги измеривме, а да ја измериме нашата беше вистински предизвик. Астрономите објаснуваат дека тоа е како да се обидувате да го погодите обликот на сопствената држава стоејќи во својот двор.

„Главно спиралните галаксии ги доживуваме како рамни, како Андромеда, која можеме да ја видиме низ телескоп“, вели професорот Ричард де Грејс, коавтор на студијата и астроном.

Во ова истражување се анализирани 1.339 ѕвезди за да се открие вистинскиот облик на галаксијата, и да се воочи дека ѕвездениот диск се свиткува нагоре како што се приближуваме кон неговите краеви.

На некој набљудувач од далеку, нашата галаксија може да му изгледа како диск од ѕвезди кои орбитираат околу густа средина. Но, на краевите гравитацијата слабее и тој диск е сличен на буквата „S”. Новото истражување покажува дека за искривениот облик на галаксијата е заслужна и силната ротациска сила на масовен внатрешен диск.

Инаку, астрономите и претходно забележаа галаксии со сличен облик закривен на краиштата, но до сега не знаевме дека и нашата галаксија им припаѓа на нив.

Извор: B92.net