Автомобилскиот производител Ford откри иновативна технологија која помага на слепите и лицата со оштетен вид да „го гледаат“ околниот свет додека патуваат. Системот се нарекува „Feel The View“ и се базира на „умeн“ прозорец, преку кој луѓето буквално ја чувствуваат средината околу нив.

„Feel The View“ ја доловува областа зад стаклото на возилото и ја претвора во црно-бели слики со висок контраст. Потоа, користејќи специјални LED диоди, сликите се проектираат врз стаклото.

Кога човек со слаб вид ќе го допре стаклото, тој чувствува вибрации – секоја од 225-те нијанси на сивата боја вибрира со различен степен на интензитет. Таквиот контакт го преобразува околниот пејзаж во имагинацијата на човекот.

Покрај тоа, во системот е обезбеден интелигентен гласовен асистент. Со користење на алгоритми за вештачка интелигенција, тој додава аудио опис на сликата за рендерирање.

„Feel The View“ во моментов е во експериментална фаза. Се претпоставува дека во иднина технологијата може да се појави во некоја форма во комерцијалните возила на Ford. Во нејзиниот развој учествуваат FordSollers (заедничко вложување помеѓу Ford и Sollers) и стартапот Aedo.

„Ние сакаме да ги направиме луѓето подобри. Овој проект е фантастична можност да им помогне на патниците со оштетен вид да уживаат во околните пејзажи“, соопштија од Ford.

Извор: Стандард.мк