Египетските власти соопштија дека откриле гробница со неколку древни погребни простории во пустинската област Миња, јужно од Каиро. Во гробницата имало 50 мумии, од кои десет се на деца.

Според информациите, гробниците припаѓале на семејство од средната класа кое веројатно живеело во време на владеењето на Птоломеј, на почетокот на римската или византиската ера. Гробницата се наоѓала девет метри под земјата, а мумиите се во добра состојба.