„Уште милиони луѓе ќе починат пред да заврши пандемијата“, порачал Бил Гејтс, коосновачот на Microsoft и еден од најголемите светски филантропи во интервју за Зени Минтон Бедос, главната уредничка на угледниот британски магазин.

Поголемиот дел од тие смртни случаи, нема да ги предизвика вирусот, туку неподготвеноста на здравствените системи и економијата, кои што ќе бидат немоќни да се справат со последиците од пандемијата.

Гејтс се пожалил и на политизацијата во врска со вирусот, како и ширењето на теориите на заговор во Америка.

Но, сепак тој има и надеж и кажал дека кон крајот на 2021. година вирусот ќе заврши, ќе има ефикасна вакцина која што масовно ќе се произведува, а доволен број од светското население ќе дојде до имунитет, а со тоа ќе се запре ширењето на пандемијата.

Во светот се развиваат над 150 вакцини, а шест се во завршна фаза од големите клинички испитувања.

Бил Гејтс веќе донираше околу 100 милиони долари во вакцината, а тој вели дека е подготвен да донира уште повеќе.