Досега физичарите имаат идентификувано четири фундаментални сили на природата: гравитација, електромагнетизмот, силната нуклеарна сила и слабата нуклеарна сила.

Но, сега истражувачите најдоа нови докази за петта сила на природата и тоа би можело да ни помогне конечно да ја решиме мистеријата на темната материја.

Во 2016 година научници во унгарскиот Институт за нуклеарни истражувања објавија студија за нивните докази дека претходно непозната сила била вклучена во радиоактивното распаѓање на изотопот берилиум-8.

Сега тие објавија нов труд во кој ги наведуваат деталите за нивните докази за истата мистериозна сила во акција во атоми на хелиум, под одредени услови.

Студијата сè уште не е евалуирана од колеги научници, но ако помине на прегледите, потврдената петта природна сила може да им помогне на научниците конечно да ја разберат темната материја, чудната супстанција која изгледа дека го држи универзумот заедно.

Извор: Futurism