Елон Маск на Twitter објави фотографии и снимки од моторот на ракетата Raptor, која наскоро треба да тргне во погон и да овозможи брзи летови во вселената.

Raptor е во развој веќе со години, а Маск кон крајот на минатата година најави дека најновата верија од тој мотор ќе биде радикално редизајнирана.

Raptor треба да пристигне во двојка со ракетата Super Heavy, некогаш позната под името Big Falcon Rocket која би требала да го употреби 31 Раптор мотор.

Маск откри дека и Raptor ќе има седум нови мотори.

Основачот на Тесла откри дека јапонскиот милијардер Јусаку Маезава веќе ги купил сите места за планираната мисија на Месечината за четири години. Според најавите, патувањето ќе чини 200.000 долари од патник.

Маск истакна дека првиот лет на Марс ќе биде во 2022 година, но без човечки екипаж, додека првата мисија со човек ќе биде за пет години.