Последните изјави на Извршиот директор на Huawei се јасни: кинеската компанијата сака од тронот да го симне Samsung и да стане најголем светски производител на паметни телефони. Меѓутоа, во текот на 2019. година оваа борба помеѓу двата гиганта ќе биде поинаква и ќе се води на повеќе фронтови. Новото бојно поле ќе биде пазарот на флексибилни смартфони, а Huawei тука не планира да заостанува зад Samsung.

Сега имаме 3D рендери од телефомнот, со кој кинескиот производител ќе одговори на свитливиот уред на Samsung. рендерите ни ги донесува сајтот LetsGoDigital, а прикажуваат флексибилен уред, кој наводно ќе биде прикажан на Мобилниот конгрес во Барселона, кој ќе се одржи на крајот на февруари годинава.

Интересно е дека моделот на Huawei не изгледа многу поинаку од она што досега го презентираше Samsung. Делува дека самртфонот на Huawei е нешто потенок и има нешто поинаква “шарка” од моделот на Samsung. Може да се забележи USB Type-C порт во дното на уредот, како и два отвора во екранот – еден за камерата, а другиот за LED блиц.

Засега нема дополнителни детали за техничките карактеристики на телефонот, а потребно е да се истакне дека рендерите се базирани на информациите, до кои дојде LetsGoDigital врз основа претходно регистрираните патенти на компанијата Huawei.