На Мобилниот конгрес во Барселона, Huawei ја потврди својата репутација како водечка технолошка компанија, најавувајќи го првиот лаптоп во светот со FullView дисплеј – MateBook X Pro. Освен тоа, компанијата исто така го објави и MediaPad M5 таблетот и првиот комерцијално достапен терминал во светот, кој поддржува 3GPP телекомуникацискиот стандард за 5G мобилен интернет.

MateBook X Pro има ултра-тенок дизајн и 13,9-инчен FullView дисплеј на допир со 3K резолуција и импресивен сооднос екран-куќиште од 91 процент. Екранот зафаќа 91% од целата покривна површина. Поради ова решение, камерата на машината е преместена на тастатурата! MateBook X Pro има ултра-тенок дизајн и 13,9-инчен FullView дисплеј на допир со 3K резолуција и импресивен сооднос екран-куќиште од 91 процент. Екранот зафаќа 91% од целата покривна површина. Поради ова решение, камерата на машината е преместена на тастатурата!

Huawei во Барселона го презентираше и наследникот на таблетот MediaP M3, односно MediaPad M5 и тоа во три варијанти – со 8.4 инчен дисплеј, 10.8 инчен дисплеј и 10.8 инчен дисплеј во Про варијанта. MediaPad M5 8 е најмалиот таблет од серијата, користи процесор Kirin 960, има екран со дијагонала од 8.4 инчи со резолуција од 2560х1600 пиксели, има работна меморија од 4GB, внатрешна меморија од 32/64/128GB, камера на задната страна од 13MP и камера од предната страна од 8MP, батерија од 5100mAh.

Huawei MediaPad 5 8.4"

Поголемиот брат е MediaPad M5 10 кој ги има претежно истите спецификации, но има екран со дијагонала од 10.8 инчи, но со истата резолуција од 2560х1600 пиксели, што значи дека помалиот таблет ќе има подобар поглед. Оваа верзија има поголема батерија, односно капацитет од 7500mAh.

Huawei MediaPad 5 10.8"

MediaPad M5 10 Pro е најскапата варијанта, која ги има истите карактеристики како „обичната“ 10-ка, но овој модел има електронско пенкало, а ќе може да се купи и тастатура, која ќе го претвори овој таблет продуктивен како и обичниот компјутер.

Huawei MediaPad 5 Pro 10.8"

Овие модели ќе бидат достапни на пролет во Кина, Европа, Северна Америка, Блискиот Исток, како и Азија и пацифичкиот регион. Цените ќе се движат од 349 евра за 8.4 инчниот модел со 32GB вградена меморија, до 599 евра за моделот M5 Pro со 128GB вградена меморија и можноста за мобилен интернет.