Intel ја заврши долгата потрага по нов извршен директор, којa траеше седум месеци. По внимателна анализа, компанијата за постојано го назначи Роберт Свон, кој привремено беше на власт во овој период. Од 2016 година досега, Свон работи како главен финансиски директор за Intel, пред да го наследи Брајан Крзаниќ во јуни. Поранешниот шеф на Intel поднесе оставка поради аферата со вработен во компанијата, што му дозволи на Роберт Свон да преземе целосна контрола на секојдневните операции од летото 2018 година па натаму.

Свон ќе има привилегија да стане само седми директор во 50-годишната историја на компанијата која ја зазема оваа висока позиција. Роберт Свон, исто така, ќе биде член на одборот на директори, извести „TechSpot“. Назначувањето се случува во многу тешко време за компанијата, која се соочува со зголемената конкуренција од AMD во индустријата. Една од главните задачи за новиот шеф на Intel е да ги реши проблемите што продолжуваат да ја одложуваат премиерата на првите 10-nm процесори на компанијата.