Huawei P30 телефоните имаат кодни имиња, базирани на модната индустрија – Elle, Vogue i Marie Claire. Последниот во оваа линија изгледа е Huawei P30 Lite, со ознака на моделот MAR-LX1M, за кој сега се појавија детали.

User Agent профилот од прегледникот на телефонот потврдува дека екранот ќе има 2312 x 1080p резолуција (што е 1080p со 19.3:9 однос на страници). Ова сугерира засек во облик на капка. Екранот веројатно ќе има големина од 6 инчи, а на задниот дел се наоѓа сензор за отпечатоци од прсти.

Huawei P30 Lite наводно користи Android 9 Pie и Kirin 710 чипсет. Сертификатот од 3C организацијата открива дека телефонот ќе има полнач од 18W (9V/2A).

Како и Huawei Nova 4 моделот, P30 Lite ќе има три камери на задната страна. Неофицијалните информации сугерираат дека системот на камерата ќе го сочинуваат 20MP + 16MP + 2MP сензори.