Постојат само неколку паметни телефони кои можат да се конфигурират со 16GB RAM, а меѓу нив нема модели на Xiaomi. Сега дојавувачот Digital Chat Station сугерира дека кинеската компанија работи на еден ваков модел.

Претходно оваа година се појавија гласини дека Mi Mix моделот ќе има 16GB RAM, но тие брзо стивнаа. Исто така, се сугерираше и дека Mi 10 Pro би можел да има верзија со 16GB RAM, но тоа не се случи.

Xiaomi склопи партнерство со Micron, кој за компанијата обезбедува LPDDR5 чипови за Mi 10 телефоните. Micron истакнува дека телефоните со 16GB RAM ги очекува во втората половина од годината.