Google Pixel 6 телефоните се подготвени за објава на 19. октомври, а најновиот извештај сугерира дека ова нема да бидат единствените уреди што ќе бидат претставени. Според дојавувач на Твитер, неколку други производи ќе дебитираат заедно со телефоните.

Би можеле да бидат најавени флексибилниот Pixel Fold, како и паметниот часовник Pixel Watch, а се очекуваат и некои Nest звучници. Иако не е сосема сигурно дека Pixel Fold ќе биде официјализиран, Google би можел барем да го наjави овој телефон или да понуди повеќе информации за неговиот развој. Продажбата на уредот може да следува многу подоцна.

Твитот сугерира дека во текот на презентацијата би можела да ја видиме и малку заборавената таблет линија на Google. Немаме никакви детали за наследникот на таканаречениот Pixel Slate, но не би било изненадување доколку го видиме со оглед на растечкиот тренд на популарност на таблет уредите.