Apple ја призна грешката во својата софтверска апликација FaceTime, поради кој е овозможено краткотројно прислушување на корисниците, дури и ако не одговорат на упатениот повик, јавува BBC.

Компанијата соопшти дека креирала програма што ќе ја исправи грешката и ажурирањето ќе биде овозможено следната недела. Додека не се ажурира FaceTime, оневозможена е можноста за групни повици преку оваа платформа.

Грешката во внатрешноста на софтверот се појавува кога двајца корисници користат FaceTime, а имаат верзија 12.1 или понова. Истовремено, се појавува кај корисниците на Mac компјутерите, доколку бидат повикани од iPhone.

Софтверот за време на групен разговор го активира микрофонот, дури и ако повикот не е прифатен. Можноста за прислушување завршува кога повикот автоматски се прекинува, по одреден број обиди за воспоставување на повикот.