Прототип моделите на OnePlus 9, кои се најдоа во јавност, се предмет на постојано протекување на информации. Најновите ни го донесува @TechDroider, кој објави скриншотови од AIDA64 апликацијата, што работи на еден од овие телефони, a ги потврдува спецификациите на уредот.

Стандардниот OnePlus 9 ќе има 6,55-инчен дисплеј со 1080p+ резолуција (20:9). Екранот поддржува брзина на освежување од 120Hz. Телефонот ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет, а моделот од тестот користеше 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Се очекува дека OnePlus 9 Pro да има верзија од 12GB/256GB, но не е невозможно истата опција да ја добие и стандардниот модел.

Кога станува збор за камерите, AIDA64 сугерира 48MP главна камера и 16MP селфи сензор. Батеријата има капацитет од 4500mAh, а дојавувачот потврди дека OnePlus 9 ќе пристигне со 65W полнач во пакетот.

OnePlus се очекува да ja претстави својата следна генерација премиум смартфони во март.