Во текот на специјалниот настан, одржан денеска во Париз, подбрендот на Huawei, Honor официјално го претстави View 20 смартфонот за меѓународните пазари, на кои уредот ќе се претстави под името Honor View 20. Телефонот претходно беше официјализиран во Кина, во текот на декември.

Honor View 20 пристигнува со 6.4-инчен FHD+LCD екран со punch hole отвор за селфи камера и одличен screen-to-body однос од 85,7 проценти. Телефонот го покренува HiSilicon Kirin 980 чипсет, кој е моментно најмоќниот процесор на компанијата Huawei, а може да се најде и во Mate 20 и Mate 20 Pro моделите.

View 20 доаѓа во варијанти со 6GB или 8GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање, кој не се проширува. На задната страна се наоѓа 1/2″ 48MP главна камера со f/1.8 отвор на бленда и 0.8µm големина на пиксели, заедно со TOF 3D стерео камера. Камерата има AIS (Artificial Image Stabilization), овозможува AIS Super Night Shot, додека TOF 3D камерата овозможува сензор на длабочина, motion capture во реално време и друго. Исто така, достапно е ретуширање во реално време. Во punch hole отворот, од предната страна, се наоѓа 25MP селфи камера со f/2.0 отвор на блендата.

Телефонот има 4000mAh батерија, која овозможува 5V/4.5A полнење и од 0 до 55 проценти го полни уредот за 30 минути. View 20 го користи Android 9 Pie со Magic UI 2 кориснички интерфејс. Присутен е 3,5 мм приклучок и сензор за отпечатоци од прсти на задната страна. Задната површина е креирана од стаклен панел со единствен градиент, кој ја менува бојата во зависност од кој агол се посматра. Телефонот има dual-band GPS и три Wi-Fi антени за подобра конекција од поголемиот дел од ривалите.

https://youtu.be/hW6lnxPKUho