Новиот MacPro редизајн требаше да пристигне во 2018. година, но одложен е за оваа година и заменет со iMac Pro моделот како привремено решение. Сега, неколку недели пред Apple WWDC конференцијата, извештаите сугерираат дека конечно би можел да се појави нов MacPro.

Според наводите на изворите, кои зборуваа за Bloomberg, Apple новиот MacPro ќе го претстави во текот на World Wide Developers конференцијата во јуни. Ова е настан кој традиционално се фокусира на софтвер за iOS и macOS, иако во минатото бил прикажуван и хардвер. Со оглед на тоа дека MacPro ќе цели на професионалните корисници, како што се програмерите, има смисла уредот да биде претставен во текот на конференцијата.

Освен новиот Mac Pro модел, гласините исто така сугерираат дека Apple би можел да објави сопствен дисплеј. Apple Cinema Display веќе со години не се произведува, а во меѓувреме компанијата се потпираше на екстерните производители (како што е LG) за 4K и 5K монитори за Pro корисниците. Тоа би можело да се промени, а се сугерира дека новиот Apple monitor би можел да поддржува HDR, висока резолуција и големина од 31,6-инчи.