LG подготвува уште еден телефон во рамките на својот „Explorer Project“, по објавувањето на LG Wing моделот. Претстојниот уред е окарактеризиран како LG Rollable, а претходно беше наречен LG Slide. Претходните информации сугерираа дека телефонот ќе пристигне на пазарот во текот на првата половина на 2021. година, а сега се појавија спецификациите и цената на флексибилниот смартфон.

Деталите за уредот на Twitter ги објави популарниот дојавувач Tron. Се сугерира дека објавувата на моделот LG Rollable е закажана за март, но ова може да се одложи за јуни, додека во друг твит, Трон ја предвидува најавата во текот на мај. Во секој случај, ова се совпаѓа со наводите дека телефонот ќе биде објавен во првата половина на 2021. година.

LG Rollable е веќе регистриран во Јужна Кореја, со ознака на моделот LM-R910N, додека отклучениот модел е OMD-LM-R910N. Уредот би требало да има OLED дисплеј што се свиткува, а големината на екранот може да изнесува 7,4 инчи. LG, наводно, работи на неколку различни односи на страници.

Може да постои Phone mod со 2428 × 1080p резолуција и 20:9 однос на страници. Исто така, се споменува Видео мод со резолуција 2428 × 1366p и 16:9 однос, како и Productivity mod со резолуција 2428 × 1600p и формат 3:2.

LG Rollable може да користи 16 GB RAM меморија, а ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет. Уредот би го напојувала батерија од 4200mAh. Дојавувачот сугерира дека LG Rollable може да чини 2359 долари, што го прави еден од најскапите модели во овој сегмент.