Пред околу еден месец, Twitter ја претстави новата функција “Sparkle button”, наменета за iOS корисниците. Креиран во облик на група маали ѕвезди, копчето е сместено во десниот агол во врвот на екранот. Со притискање на копчето, корисниците можат да извршат измена од алгоритамскиот распоред на твитови и да ги прикажат во обратен хронолошки редослед.

Вообичаено, Twitter ги прикажува најпопуларните твитови пред оние кои се неодамна објавени. Ова му пречеше на големиот број корисници кои сакаат да бидат во тек со актуелностите и трендовите и алгоритамот често ова го расипуваше, сместувајќи ги најновите твитови длабоко под топ твитовите.

Откако Sparkle копчето пристигна на iOS, десктоп и Android корисниците трпеливо чекаа функцијата да им стане достапна и на нив. Чекањето сега е завршено за Android корисниците, а Twitter објави дека од денеска ќе почне со објава на функцијата на Android.