Според најновите гласини, претстојниот Samsung телефон кој досега беше познат како Galaxy S10 Lite всушност ќе се продава под името Galaxy S10 E.

Покрај ова, за да се намалат трошоците на производството, телефонот нема да има сензор за отпечатоци на прсти во екранот, каков што ќе имплементираат S10 и S10+ моделите. Ова сугерира дека телефонот би можел да биде достапен, но за да биде конкурент на iPhone Xr, можно е Samsung да одлучи да го задржи S10 E во сличен ценовен ранг.

Најновите информации пристигнувааат од еден од кинеските снабдувачи на онлајн малопродажниот синџир Mobile Fun од Голема Британија. Изворот, исто така, споменува дека Galaxy S10 и S10+ ќе бидат значајно поскапи од Galaxy S10 E моделот.

Galaxy S10 E ќе има 5,8-инчен екран, S10 ќе има големина на екран од 6,1-инчи, додека Plus моделот ќе има 6,4-инчен дисплеј. Сите модели ќе имаат ист изглед со тенки рамки и засеци за селфи камери.