Научниците од универзитетот во Хелсинки проучувале како реагираат луѓето на појавата на роботи за секс, и тоа во улога на оние на кои им се плаќа за таквите активности. Во две посебни истражувања, покажаа како луѓето во просек помалку го осудуваат плаќањето за сексуални услуги на роботите, отколку на оние кои во таа работа се професионалци или професионалки. Уште поголема е разликата во погледите на проституирање на роботите и луѓето во случај кога оној што  е во брак ја плаќа услугата.

Ова е прва студија која покажа и дека луѓето не се сигурни дали да го сметаат полното општење со робот за мамење на партнерот, со кој лицето е во моногамна врска.

Истражувачите, секако, не испитувале како луѓето реагираат на вистински полни чинови со робптски и човечки проститутки, туку се држеле до фиктивни сценарија. На испитаниците им давале научнофантастични приказни за бордели во кои работат луѓе и роботи, сместени во Европа во 2035. година. Различните приказни вклучуваа посетител во бордел, кој е во во брак и кој е слободен.

Конечно испитаниците пресудија – ако веќе одите во бордел, подобро е и поморално ако не сте во врска, а уште подобро е ако посетувате роботски бордел. Резултатите се речиси исти кога посетител на бордел е маж или жена.