Премиум моделите на iPhone за првпат ќе бидат произведени во Индија, пишува Ројтерс, и ова потенцијално ќе го подигне бизнисот на компанијата во новиот пазар “на едно ново ниво“.

Потегот исто така значи дека производството во Индија ќе биде преземено од Foxconn, а не од Wistron, кој во моментов е единствениот произведувач на Apple во земјата.

Еден од изворите што ги цитира Ројтерс е премиерот на индиската држава Тамил Наду, каде што треба да се произведува iPhone-от. Foxconn веќе има производни линии за други производи и наводно ќе потроши околу 365 милиони долари за проширување на фабриката за iPhone.

Apple досега имаше мал удел на телефонскиот пазар во Индија и се фокусираше само на поевтини модели. Wistron во моментов произведува iPhone SE и iPhone 6S. Во својот извештај Ројтерс не укажува на тоа кои специфични модели на iPhone ќе биат произведувани на локално ниво, и новите модели ги опишува како “семејството на iPhone X“. Исто така, не е познато дали телефоните што се продаваат таму, ќе бидат продавани и во Индија.

Според Ројтерс, една можност е дека Apple може да се обиде да се заштити од неизвесната иднина на трговската војна меѓу Кина и САД, односно зголемување на производството во други земји би можело да биде начин да се заобиколат американските увозни тарифи за кинеските производи.

Повеќе iPhone-и произведени во Индија, пак, исто така можат да му помогнат на Apple да го задоволи барањето од 30 проценти за локалните производи, со цел да добие согласност од владата за отворање на Apple продавница во земјата.