Samsung објави дека Unpacked 2020 настанот ќе се одржи виртуелно на 5. август. Се очекува дека во текот на оваа презентацијата ќе бидат потврдени гласините за Galaxy Note20 линијата, како и некои други уреди. Презентацијата ќе може да се следи преку стрим, на сајтот на Samsung и веројатно на Facebook страницата на компанијата.

Иако Samsung тоа не го потврди, речиси е сигурно дека ќе видиме претставување на Galaxy Note20 серијата телефони. Самата компанијата на своите страници објваи дека во подготовка е Mystic Gold верзија на Note20. Се очекува дека следниот Note ќе има напреден систем на камери и SpaceZoom функција. Исто така, се очекува дека Samsung ќе продолжи да го подобрува и S Pen пенкалцето.

Има доста работи кои се уште не ги знаеме за претстојната премиум линија телефони, како и за другите уреди кои Samsung би можел да ги претстави, меѓу кои се и наредните модели од линијата флерксибилни уреди на компанијата.