Подбрендот на Xiaomi, Redmi во текот на претходните недели имаше обемна кампања со тизери за новиот телефон. Сега Redmi Note 8 2021 е целосно наведен на глобалната веб-страница на компанијата.

Како што сугерира името на уредот, се работи за освежена верзија на оригиналниот Redmi Note 8 модел од 2019 година, кој е продаден во над 25 милиони примероци ширум светот.

Redmi Note 8 2021 користи MediaTek Helio G85 чипсет, Android 11 со MIUI 12,5 интерфејс и има нано облога отпорна на прскање на вода. Останатите карактеристики се главно непроменети во споредба со неговиот претходник (освен намалувањето на максималната резолуција за снимање видео – од 4K @ 30 на 1080p @ 30).

Телефонот има две опции за складирање: 64 GB и 128 GB, и двете се со 4 GB RAM меморија. Постојат три опции за боја – Neptune Blue, Moonlight White и Space Black.

Останатите карактеристики вклучуваат 6,3-инчен 1080 x 2340p LCD Dot Drop екран со Gorilla Glass 5 заштита, систем со четири камери на задната страна (главна 48MP + 8MP ултра широка + 2MP макро + 2MP сензор за длабочина), 13MP селфи камера, сензор за отпечатоци на задната страна и батерија од 4000mAh со поддршка за полнење од 18W (со полнач од 22,5 W во пакетот).