Интересно истражување во САД го даде одговорот дали тинејџерите претпочитаат да користат iPhone или Android телефони, а победникот е јасен.

Неверојатни 87% од испитаниците меѓу американските тинејџери изјавиле дека поседуваат iPhone, а 88% од нив ќе купат iPhone за нивниот следен телефон. Ова обезбедува подобар увид во разликата помеѓу пазарите, бидејќи иако Android е попопуларен на глобално ниво, во САД iPhone е неоспорен.

Причините зошто тинејџерите го претпочитаат iPhone веројатно се FaceTime и iMessage, бидејќи кога некој што не користи iMessage ќе се приклучи на разговор, тие ги немаат сите опции што ги имаат корисниците на iPhone.

Друг фактор во изборот на оперативен систем кај тинејџерите е екосистемот во кој функционираат телефоните. Андроид уредите завршија добра работа, но Apple е сè уште попопуларен поради безболната интеграција ако користите AirPods, iPad, MacBooks итн.

И конечно, на тинејџерите кои учествуваа во анкетата не им беше важно дали ќе купат користен iPhone, SE модел или нов. Сеедно, тоа ќе биде нивниот прв избор во 87% од случаите.