Благодарение на аналитичарот Џон Просер, ги дознавме деталите на периодот на објава и испорака на iPhone 12 линијата телефони на Apple. Токму Просер точно го предвиде датумот на објава на iPhone SE моделот.

Според наводите, Apple ќе одржи настан на кој ќе ги претстави iPhone 12 и 12 Pro, во текот на неделата која почнува на 12. октомври. Потоа, компанијата ќе почне со претпродажба на стандардниот iPhone 12 модел во рамките на истата недела и ќе го испорачува една недела подоцна (19. октомври).

Кога се во прашање iPhone 12 Pro моделите, почетокот на нивната испорака се очекува во текот на ноември.

Просер објави и информации за објавата на следната генерација на достапниот iPad 10.2 таблет уред, како и Apple Watch Series 6 паметните часовници, а се очекува дека тоа ќе се случи во текот на неделата која почнува на 7. септември. Според неговите зборови, Apple нема да одржи никаков специјален настан и овие уреди ќе ги претстави преку соопштение за медиуми.