Јапонската компанија Sharp планира враќање на пазарот на компјутери, откако го напушти во 2010 година. На претстојниот саем CES 2019 во Лас Вегас во јануари, Sharp ќе го презентира својот нов РС.

На почетокот на октомври годинава, Sharp, кој е под контрола на тајванската Foxconn, се здоби со компјутерскиот бизнис на Toshiba. Поконкретно, купи 80,1 отсто од акциите во Toshiba Client Solutions (TCS) – единица за персонални компјутери и преносни компјутери. Како резултат на трансакцијата, седум TCS подружници, станаа подружници на Sharp.

На почетокот на 2019 година, компанијата планира да отвори фабрика за производство на компјутери во Источна Кина, во близина на фабриките на Foxconn.