Citroen, вториот историски бренд на PSA, го претстави во Дефанс Арената во Париз, новиот електричен мини-автомобил по цена од 6900 евра, произведен во својата фабрика во Кенитра во Мароко.

Возилото, именувано АМИ, ќе се нуди и за 19,99 евра месечно, цената на една телефонска претплата за мобилен оператор во Франција.

Автомобилот на пазарот ќе се појави во јуни и го означува пристигнувањето на првата нова генерација на ПСА електрични модели на марката Citroen, шест месеци по тие на Peugeot, Opel и DS.

Автомобилот е долг само 2,41 м, во форма на коцка или како што велат Французите „чамче за јогурт“ може да се купи само преку интернет. Наменет првенствено за урбана и млада публика, AMI ќе може да превезува две лица и да се вози без возачка дозвола.