Со доаѓањето на сезоната на годишни одмори, се чувствува намалениот градски метеж во сообраќајот, па често не морате да барате алтернативни начини за да стигнете од една до друга дестинација.

Сепак, постојат денови кога температурите го надминуваат 40-тиот степен, а вие морате да се возите во преполн автобус. Тогаш, било која алтернатива, па дури и пешачењето на високи температури станува подобра опција.

Јаехик Лим, индустриски дизајнер од Јужна Кореја, добил идеја да креира интересен концепт кои донекаде може да ви ги олесни сите маки. Тој го создал Nike Cruiser Board, електричен персонален транспортен уред кој лесно се користи, полни и носи.

За разлика од електричните тротинети и сегвеи, овој скејтборд може без проблем да го носите во раце.

“Многу луѓе користат персонални мобилни уреди кои тешко се носат кога не се во употреба. Јас креирав уред кој лесно се носи и истовремено се полни, убивајќи “две муви со еден удар”.

Всушност, концептот кој Лим го креирал може да се нарече “електричен скејт”, со кој доаѓа и специјален ранец кој служи за полнење кога тој не е во употреба. Се сложуваме дека овој уред би го олеснило движењето на луѓето, но тие кои ќе го возат треба да знаат како да одржуваат рамнотежа на истиот.

Извор: Muskimagazin.rs