Демонстрацијата на Google на Duplex AI системот за поврзување на годинашната I/O конференција предизвика голема бура, која се уште не стивнува.

Најпрвин се појавија прашања за интригантната природа, околу која се базира говорот на AI системот. Google на овие прашања одговори, потврдувајќи дека AI системот за поврзување ќе се идентификува како софтвер, за да не дојде до забуна.

Потоа се појави загриженоста за линијата која се снима. Според новиот извештај на Bloomberg, компанијата потврди дека Duplex ќе го известува лицето од другата страна на врската за тоа дека повикот се снима.

Официјалните лица на Google, исто така гу уверија вработените за тоа дека се размислувало за етичките импликации на технологијата, дури и пред да биде демонстрирана на  I/O конференцијата.