Долгогодишниот главен инженер директор на тајбанската компанија Asus, Џери Шен, поднесе оставка на таа функција и заминува во нови деловни потфати.

Промената стапува на сила од 1. јануари, 2019. година, кога управувањето со Asus ќе го преземат  S.Y. Hsu и Samson Hu, кои заедно ќе ја пополнат испразнетата позиција.

Шен, пак, заминува и ја презема компанијата iFast, која се занимава со технологии врзани за вештачка интелигенција и IoT уреди. Со оглед на тоа дека компанијата во одреден размер (30%) сам го финансира Asus, Шен и натаму ќе остане во блиски односи со својата бивша компанија.

Што се однесува до самата компанија Asus, нејзините намери во врска со мобилните уреди ќе се насочат на high-end секторите и гејмерите, на кој веќе се нудат уреди како што се ROG Phone и ZenFone 5Z.