Египетски археолози открија уникатна гробница која му припаѓала на египетски владетел од времето на Петтата династија. Гробницата е стара 4.400 години и се наоѓа во Сахара.

Откритието го објави министерот за антиквитети, Калед ал-Анани кај самата гробница, која се наоѓа во Сахара, западно од Каирп, каде што е сместена и најстарата степенеста пирамида.

Станува збор за исклучително добро сочувана гробница во која се наоѓаат статуи со различни форми и големини, а ги претставуваат владетелот и неговото семејство.

Египет во последните години многу вложува во туризмот, кој е драстично намален од 2011 година по насилните политички превирања во земјата.

Извор: B92.net