Компанијата LG Display за време на CES 2018 го прикажа својот прототип на телевизор што може да се превиткува, а како потрошувачки производ ќе се најде во продажба од следната година. OLED панелите од 64 инчи се способни да се превиткаат во базата кога не се користат или можат да скријат дел од екранот, така што содржината снимена во поширок однос може да се прегледа без “letterboxing” (црн простор под и над сликата).

Претходно се појавија извештаи дека LG би можел својот телевизор што се превиткува да го прикаже во текот на CES 2019 саемот, иако истото се тврди и за првиот LG 5G телефон.

Во извештајот на Bloomberg, кој ги објави овие информации, се споменува дека LG, веројатно во текот на MWC во февруари ќе го претстави својот прв 5G смартфон, а Sprint и LG веќе најавија планови за објава на 5G уред во текот на првата половина од следната година.