Galaxy Tab S6 на Samsung наскоро ќе биде достапен со поддршка за 5G мрежа, со што веројатно ќе стане првиот таблет со ваква конекција.

Galaxy Tab S6 5G се појави на веб-страницата на јужнокорејскиот гигант како производ кој наскоро ќе биде пуштен во продажба, иако компанијата се уште официјално го нема најавено уредот.

Засега нема податоци за тоа колку ќе чини овој таблет, ниту какви ќе бидат неговите карактеристики, освен тоа дека ќе поддржува 5G мрежа. Исто така не е познато кога овој таблет би пристигнал на пазарот.

Според аналитичарите, голема е веројатноста овој таблет да биде идентичен како Galaxy Tab S6, со тоа што ќе поддржува 5G мрежа. Инаку, Galaxy Tab S6 беше претставен во септември оваа година, а опремен е со Snapdragon 855 процесор.

Извор: Klix.ba