Откако за Америка беше сертификуван од FCC агенцијата, Samsung Galaxy A8s сега се најде и на TENAA сертификацијата, што е една од побитните станици пред претставувањето на телефонот на 10. декември.

Како и обично, TENAA листингот не открива многу работи кога се во прашање спецификациите. Но, за тоа имаме прилика добро да ја видиме предната страна и задната страна на телефонот.

Во горниот лев агол на 6,39-инчниот Infinity-O дисплејот може да се види селфи камера од очекувани 24 MP. Исто така. на задната страна се видливи 24MP f/1.7 главната, 10MP f/2.4 теелфото и 5MP f/2.2 depth камерата. Задната страна исто така ја карактеризира сивкасто-син градиент и сензор за отпечатоци од прсти.

Galaxy A8s се очекува со Snapdragon 710 чипсет, 6GB RAM и 3300mAh батерија.