Вработени во Facebook, повторно се кренаа против својот шеф Марк Цукерберг, обвинувајќи го за шионажа и продавање на приватни податоци на корисниците на социјалната мрежа, пишува Daily Mail.

Некои од вработените јавно проговорија за шпионирање на телефонски разговори и потпишување на тајни договори, со кои компанијата си обезбедила притап до личните податоци на некои од корисниците на социјалната мрежа.

Работниците на Facebook веќе подолго време говорат дека атмосферата во социјалниот медиумски гигант е „токсична и непријателска“, особено откако во јавноста се обелоденија скандалите со шпионирање на корисниците и споделување на информации од приватен карактер.

Цукерберг морал да реагира, отфрлајќи ги сите обвинувања и правдајќи се дека компанијата никогаш не продавала ниту давала никакви приватни податоци и информации на никого.

Цукерберг исто така ги отфрли обвинувањата од страна на британскиот пратеник Дамјан Колинс, кој проговорил за малверзациите направени од челниците на Facebook за време на менувањето на платформата на социјалната мрежа во 2015 година.

Цукерберг тогаш се правдаше дека главната цел на компанијата била да се спречат навредливите содржини на платформата.

Извор: Daily Mail