На LinkedIn бизнис мрежата се внесени две нови функции, кои ќе им помогнат на корисниците да го извлечат максимална ефикасност од неа.

Една од нив е достапност на QR кодови – преку специјална QR икона на главната страница, секој ќе има пристап до сопствениот QR код. Од таму, исто така можете да ги скенирате кодовите на другите за да ве однесат право на профилите на одредени луѓе. Вие исто така ќе можете да го споделите вашиот код преку е-пошта и апликации за пораки или да ги интегрирате во веб-страница, мејл, CV, па дури и во материјали како брошури.

Втората функционалност се вика „See Translation” и претставува копче кое ќе овозможи превод во постови во „фигот“ на социјалната мрежа, како и на оние во профилите и страниците со детали за компании. Преводот се врши преку Microsoft Text Analytics API, кој преведува и за Bing, Skype, Office и Twitter на повеќе од 60 јазици.

QR функционалноста сега е достапна за iOS и Android, а онаа за преводот се уште е достапна само за Desktop и LinkedIn веб верзии и наскоро ќе биде достапна за мобилната верзија.