DXOMARK ги објави резултатите од своите тестови на камерата на Huawei Mate 30 Pro 5G, и изненадувачки, уредот успеа да се најде на првото место на листата. Камерата на смартфонот го надмина достигнувањето на својата скоро идентична верзија на Mate 30 Pro со можност за LTE, која досега беше на врвот. И бидејќи, во теорија, нема разлика во хардверот на камерата, подобрувањата очигледно се должат на поставките за софтверот и снимањето.

Целокупната оценка на телефонот е 123 поени, што е за два поена повеќе од резултатот на LTE верзијата. Оценката за фотографирање се зголеми на 134, што е најголемото достигнување досега на тестовите. DXOMARK посочува дека квалитетот на сликата и перформансите на камерата се многу слични на оние на Mate 30 Pro, но има значителни подобрувања во зумирањето, симулацијата на боке и ноќниот режим. Во исто време, се забележува мал пад на оценката кај ултраширокоаголната камера.

Huawei Mate 30 Pro 5G доби видео оценка од 102 поени, повторно за два поени повисока од LTE изданието. Главните разлики се поврзани со подобрувања во деталите и бучавата – особено во намалена амбиентална светлина, плус подобрувања во следењето на автофокусот при слаба осветленост.

Целосниот тест на следниов линк!