Samsung го претстави Galaxy Note 8 со интересен нов изглед кој никогаш не може да стигне до рацете на потрошувачите. Јужнокорејскиот конгломерат создаде посебна серија на смартфонот ексклузивното за учесниците во Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во 2018. Уредите се во ограничена бројка, пишува „Engadget“.

Телефонот има бело задно стакло, кое потсетува на снегот во зима. Исто така се одликува и со логото на Олимписките игри и визуелни елементи на панелот, кои исто така се инспирирани од настанот.

Од хардверска и софтверска гледна точка тоа е вообичаен Galaxy Note, во кој има претходно инсталираните тематски позадини за Олимписките игри.

Samsung ќе подели околу 4.000 телефони меѓу спортистите и членовите на тимови пред официјалниот почеток на игрите во февруари. Сите учесници во Зимските параолимписки игри исто така ќе добијат примерок од овој уред, но со логото на Параолимписките игри.

Бидејќи Samsung е партнер на Олимписките игри со децении, компанијата редовно пушта специјални смартфони за настанот, особено сега, кога тој ќе се одржи во нејзината земја.

Засега не е јасно дали јужнокорејскиот гигант планира да продадава од специјалниот паметен телефон. Во 2016 година таа пушти специјално брендирани Galaxy S7 Edge за Олимписките игри во 2016 година, иако тој се продаде во само неколку илјади примероци во светот.