YouTube видеото Rewind 2018 за годинешните трендови, стана второто видео со најмногу дислајкови. Повеќе од 8 милиони гледачи сметаат дека не чини.

Станува збор за видеа кои YouTube ги објавува кон крајот на секоја година и во нив ги прикажува годишните трендови. Видеото за оваа година им се допадна на значително помал број корисници. Според многумина станува збор за второто најлошо видео во историјата на YouTube. Пред него е видеото на Џастин Бибер, Baby, од 2010 година кое доби скоро 10 милиони дислајкови.